Климатски Промени

Топлотен бран на Антартикот

12.08.2024 10:21

Оваа необична топлина за време на најстудената сезона на Антарктикот може да сигнализира идни еколошки предизвици за континентот и може да има глобални реперкусии...

Научниците се загрижени за последиците од историскиот топлотен бран на континентот Антарктик, кој обично е познат по своите екстремно ниски температури. Оваа необична топлина за време на најстудената сезона на Антарктикот може да сигнализира идни еколошки предизвици за континентот и може да има глобални реперкусии, велат научниците.

Зимата со температури слични на лето е загрижувачка за регионот, иако голем дел од Антарктикот останува прилично студен. Тоа може значително да придонесе за зголемување на нивото на морето бидејќи загадувањето со фосилни горива ги зголемува глобалните температури.