Анкета: Бојкотот на Собранието влијае врз евроинтеграциите

08.07.2014 13:11

Бојкотот на собраниското функционирање носи застој во евроинтеграциите, сметаат 48,6 проценти од граѓаните, додека 37,4 насто од нив имале негативен одговор...

Нова анкета на институтот за демократија „Социетас Цивилис“ за опозицискиот бојкот на Собранието и влијанието од таквиот чекор врз македонските евроинтеграции.

Со бојкотот на Собранието воопшто не се согласуваат 29 насто од анкетираните, 23 проценти делумно се согласуваат, а само 12,6 насто целосно ја подржуваат  опозицискатата блокада на работата на Законодавниит дом.

Над половината од испитаниците, односно 50,7 проценти сметаат дека опозицискиот бојкот нема да доведе до нови избори, а 32,6 проценти се со потврден одговор на ова прашање.

53,6 насто од анкетираните одговориле дека Собранието без опозиција може да носи квалитетни закони. Спротивно мислење имале 31,4 проценти.

Бојкотот на собраниското функционирање носи застој во евроинтеграциите, сметаат 48,6 проценти од граѓаните, додека 37,4 насто од нив имале негативен одговор.

Ниското ниво на толеранција меѓу политичките  противници е најголемата пречка за подобрување на политичкиот дијалог – одговориле акетираните, но за дијалогот да почне, треба да се подобрат односите меѓу етничките заедници и политичката култура, а партиите помалку да се мешаат во секојдневниот живот. Верските заедници најмногу  влијааат за смирување на меѓуетничките инциденти, а по нив следуваат меѓународните институции, како и невладиниот сектор.

Анкетата на институтот за демократија „Социетас цивилис“ е направена лице в лице со 1.100 испитаници од 1-ви до 30-ти јуни.