Влада

Мицкоски: Зголемен прометот од патарините кои завршуваат во буџетот

12.08.2024 11:32

Премиерот вели дека минатата година постоеле и овие пари, само не завршувале во државната каса...

Годинава од промет од патарините низ земјава се остварени 16 милиони денари повеќе од истиот период лани, истакна премиерот Мицкоски на социјалните мрежи. Вели дека минатата година постоеле и овие пари, само не завршувале во државната каса. Нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и принципи.

Затекнавме држава во хаос, се бориме да направиме ред и доследност, наведе Мицкоски.