Прилеп

Блокада и протести против ископите на „Бехтел и Енка“

12.08.2024 12:19

Едночасовна блокада на патот Прилеп-Плетвар и протести пред прилепската локална самоуправа. Жителите на прилепско Оревоец не се откажуваат од протестите против ископите на „Бехтел и Енка“. Владината одлука за концесија ќе се оспорува пред Управниот суд, а се чека и средба со ЈП за државни патишта …

Повеќе од три месеци не стивнуваат протестите против ископите на „Бехтел и Енка“ до селото Оревоец. Револтот е поголем по владината одлука за давање концесија за мермер. Жителите ќе тужат до Управниот суд, а локалните власти им ветија средба со ЈП за државни патишта.

Оревоец не е елитна населба, туку живеалиште на 30-тина жители. Протестите остануваат до наоѓање решение, за што жителите, велат, дека се подготвени да се бара.

Прилепскиот Основен суд не ја прифати времената мерка. Одлуката се оспорува пред Апелација.

 

Елизабета Митреска