огнена стихија
Пожарот на Галичица се прошири кон преспанскиот дел
12.08.2024 13:18
Откако ќе се стави под контрола огнот повторно ветрот го враќа на македонска страна. Вчера попладне пожарот се прошири кон преспанскиот дел кон Стење и Магаро...

Осум денови беснее пожарот на Галичица. Откако ќе се стави под контрола огнот повторно ветрот го враќа на македонска страна. Вчера попладне пожарот се прошири кон преспанскиот дел кон Стење и Магаро. Постои опасност да навлезе во шумите. Ренџерите бараат помош од воздухоплови. За состојбата со пожарите во овој регион, известува Соња Рилковска.
