портокалова фаза

Земјава влезе во портокалова фаза, екстремно високи температури од над 40 степени

12.08.2024 14:01

Портокалова фаза на територијата на државава, на сила се и владините препораки. И Црвениот крст со активности за справување со топлотниот бран...

Македонија влезе во портокалова фаза. Африканскиот бран донесе екстремно високи температури од над 40 степени, граѓаните велат обврските мора да се завршат и на пеколни горештини.

Мобилни тимови од Црвениот крст ќе бидат достапни до граѓаните на најфреквентните места, за да интервенираат со прва помош на оние на кои им е потребна вода, течности, дополнителни суплементи или пак мерење на крвен притисок.

Работодавачите треба да ја прилагодат работата на потребите на работниците, а не обратно. Бизнисот може да опстои и во екстремни услови, но не по цена на здравјето, велат од Здружението за заштита при работа.

Да се почитуваат препораките на владата и при овие екстремни температури да се заштитат вработените, апелира Петковски.

Од Управата за хидрометеоролошки работи од средината на неделата најавуваат заладување од неколку степени, дождови и грмотевици, а на одредени места и град.

 

Александра Спировска