Протест пред Владата во Белград поради изрекувањето пресуда за тројца активисти
Повторно протести во Белград. Илјадници граѓани излегоа на улиците на српската престолнина поради изрекувањето пресуда за тројца активисти. Протестот почна пред зградата на српската Влада во центарот на Белград, а учесниците блокираа и дел од крстосниците во градот...

Повторно протести во Белград. Илјадници граѓани излегоа на улиците на српската престолнина поради изрекувањето пресуда за тројца активисти. Протестот почна пред зградата на српската Влада во центарот на Белград, а учесниците блокираа и дел од крстосниците во градот. На протестот беше порачано дека властите можат да апсат, но дека тие нема да се откажат од барањето за забрана за експлоатација на литиум и бор во Србија.
„Заземањето на меѓународниот железнички пат, новоизградената железничка станица „Прокоп“, и станицата во Нов Белград, запирање на сообраќајот на автопатот и мостот „Газела“, сето тоа не е придонес за демократијата. Всушност, сосема спротивното, тоа е исмејување на демократијата, како политички систем, тоа е насилство на малцинството, терор на малцинството над мнозинството“, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ.
„Вкупно 14 лица се приведени под сомнение за сторени кривични дела. Три за прекршок и две странски лица кои беа присутни на протестот многу блиску до државните институции. Полицијата работи на идентификација и на други лица, а како што кажав, ќе бидат поднесени кривични пријави за кривично дело, како и прекршочни пријави за сите нив“, информираше српскиот министерот за внатрешни работи изјави Ивица Дачиќ.
