Конференција на младински политики

Меѓународен ден на младите: Поголемо учество на младите во донесување одлуки

12.08.2024 15:45

Подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот. На Меѓународниот ден на младите организирана конференција на младински политики. Дебатираа претставници од општините и од локалните младински совети, како и експерти во областа на младинските политики.

Целиме кон создавање неопходни услови за младите од Македонија да градат иднина дома, тие се во фокусот на програмата за работа на Владата од  2024 до 2028 година, порача министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.  Вели, приоритет е преку креирање подобра бизнис-клима да се обезбедат сигурни и добро платени работни места за младите луѓе во земјава.

Младите се незадоволни од положбата во општеството, но се надеваат со координирана акција на институциите на локално и државно ниво да се создадат услови да творат дома, а не да се иселуваат. Потребно е воведување законски механизми за поголем степен на влијание на младите во донесување на одлуките, велат од Националниот младински совет.

На Меѓународниот ден на младите се одржа конференција „Општините пријател на младите – младинското учество во фокус“ во организација на Националниот младински совет.

 

Игор Панов