„Шпион“: Денеска сублимат на доказите
Нема докази дека документи со предзнак државна тајна преку сателитски техники се препраќале на тајни разузнавачки служби, изнесе во завршниот збор Еленко Миланов адвокат на првообвинетиот Марјан Ефремов...

Сублимат на доказите изнесуваат денеска адвокатите на обвинетите во случајот Шпион.
Нема докази дека документи со предзнак државна тајна преку сателитски техники се препраќале на тајни разузнавачки служби, изнесе во завршниот збор Еленко Миланов адвокат на првообвинетиот Марјан Ефремов кој се уште се брани со молчење.
Побара судот да не ги усвои доказите од прислушувањето, затоа што, како што рече не е запазена законската процедура за нивно обезбедување.
Во најголемата шпионска афера обвинети се 19-мина кои одговараат за шпионажа, злосторничко здружување, уцена – дека прибавувале доверливи информации кои ги продавале на странски разузнавачки служби.
Анита Димитријевска
