МО: Промоција на офицери и подофицери Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“
На свеченоста ќе бидат промовирани 24. класа на питомци во чин потпоручник, слушателите на курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин и слушателите на основниот курс за подофицери во чин водник.

Утре 13.08.2024 година во 09:00 часот во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, ќе се одржи свеченост по повод промоција на офицери и подофицери на која свое обраќање ќе имаат Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски.
На свеченоста ќе бидат промовирани 24. класа на питомци во чин потпоручник, слушателите на курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин и слушателите на основниот курс за подофицери во чин водник.
На свеченоста ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, министерот за спорт Борко Ристовски, претставници на воено дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина и Црна Гора и останати високи гости од Министерството и Армијата.
