Израел подготвен за одмаздничкиот одговор на Иран и Хезболах
Блискиот Исток не мирува. Нови ракетирања преку либанско-израелската граница. Напади на југот од Газа. Ескалира и на Западниот Брег. секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин нареди американска подморница со крстосувачки ракети да биде распоредена во регионот.

Хезболах целосно го евакуираше седиштето во Бејрут, пишуваат либански медиуми, додека Израел ја зајакнува својата одбрана во исчекување на одмаздничкиот напад на Иран и Хезболах. Од одбраната велат. будноста и подготвеноста не се синоними за страв и паника.
Меѓународната заедница со предупредувачки тонови - Иран ќе сноси одговорност за каков било напад врз Израел. Иран прстот за одговорноста за актуелната војна го впери во ЕУ.
„Го посветуваме нашето време на зајакнување на одбраната и создавање офанзивни опции како одговор, а исто така и како иницијатива доколку е потребно, каде било и во кој било регион, со главна цел -заштита на граѓаните на државата Израел. заканите од Техеран, и од Бејрут може да се остварат и важно е да им се објасни на сите дека подготвеноста и будноста не се синоними за страв и некаква паника“, изјави Јоав Галант, израелскиот министер за одбрана.