Македонија

Поднесено обвинение против Палевски за грабнување и двојно убиство

12.08.2024 18:42

Поднесено обвинение против Љупчо Палевски за грабнување и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Се бара да му се суди заедно со соизвршителите.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Љупчо Палевски – Палчо за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски во ноември минатата година.

Првоосомничениот Палевски се товари за грабнување и двојно убиство со умисла, а со цел да изнуди откуп од семејството.

Обвинителството побара спојување на двете покренати обвиненија против Палевски и претходно за четири помагачи за истото кривично дело. Побарано е продолжување на мерката притвор за првоосомничениот Палевски, којшто избега во Турција и беше екстрадиран во земјава во мај годинава.

Судењето за двојното убиство во Основниот кривичен суд Скопје е закажано да почне на 4-ти септември.

 

Ирина Гелевска