Годинава зголемен бројот на туристи и ноќевања
Во јуни годинава во земјава се евидентирани 119.751 туристи, од кои 23.0 проценти биле домашни туристи, а 77.0 проценти странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.

Во јуни годинава во земјава се евидентирани 119.751 туристи, од кои 23.0 проценти биле домашни туристи, а 77.0 проценти странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во јуни 2024 година изнесува 245.249, од кои 27.6 проценти се од домашните туристи, а 72.4 од странските.
Во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11.1%, и тоа: кај домашните туристи за 3.3 проценти, а кај странските за 14.4.
Зголемување во периодот јануари – јуни годинава има и кај бројот на ноќевањата, за 9,9 отсто. Кај домашните туристи зголемувањето е за 6.3 проценти, а кај странските за 11.8 проценти.
