Велика Британија
Жена и 11-годишно девојче избодени со нож во центарот на Лондон
12.08.2024 19:06
Напаѓачот е уапсен, а инцидентот не е окарактеризиран како терористички акт...

Една жена и 11-годишно девојче се хоспитализирани откако биле избодени со нож на плоштадот Лестер, во центарот на Лондон, соопшти полицијата.
Напаѓачот е уапсен, а инцидентот не е окарактеризиран како терористички акт.
Британските полициски сили остануваат во состојба на готовност по неколкудневните немири на почетокот на овој месец, предизвикани од лажните објави на интернет во кои погрешно се идентификува осомничениот убиец на три девојчиња во северна Англија како исламистички мигрант.
