Македонија

Собранието го усвои ребалансот на Буџетот

12.08.2024 19:29

Собранието со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан, го усвои ребалансот на Буџетот за 2024 година.

Собранието со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан, го усвои ребалансот на Буџетот за 2024 година.

Со ребалансот растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

Во текот на расправата министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, ребалансот го бранеше како обид на новата влада да обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината.

„Треба да се обезбеди ликвидност, исплата на зголемени пензии, права на вработените и доспеаните обврски кон стопанството“, истакна Димитриеска Кочоска.

Опозицијата обвини дека има големи пропусти, а во државната каса нема пари за плати и пензии.

Седницата на која, покрај ребалансот на Буџетот, има повеќе точки треба да продолжи утре во 12 часот.