Пожарот во близина на Атина неконтролирано се шири, Грција побара меѓународна помош
Пожарот во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и понатаму е вон контрола. Издадени се бројни наредби за евакуација на населението откако силните ветрови ја разгореа огнената стихија и ги попречија напорите на стотици пожарникари да се справат со неа. Грција побара меѓународна помош...

Пожарот во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и понатаму е вон контрола. Издадени се бројни наредби за евакуација на населението откако силните ветрови ја разгореа огнената стихија и ги попречија напорите на стотици пожарникари да се справат со неа.
Во гаснењето се вклучени авиони и хеликоптери. Предизвикана е голема материјална штета. Евакуирани се неколку болници и најмалку 11 градови и села.
Поради силниот ветер пожарот се шири со голема брзина и попладнево стигна и до урбани средини, односно до населби во северниот дел на Атина.
За справување со пожарите, Франција, Чешка и Италија, праќаат помош во Грција преку Европскиот механизам за цивилна заштита.
