Регион

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди северна Грција

12.08.2024 21:04

Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море, на околу сто километри од Солун и на длабочина од 15 километри.

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди северна Грција. Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море, на околу сто километри од Солун и на длабочина од 15 километри.

Засега не се знае дали има материјална штета или повредени.

Во последните 48 часа во тој регион на Грција се забележани најмалку десет земјотреси.