Временска прогноза

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

13.08.2024 08:08

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе изнесува 9...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе изнесува 9.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 20 степени, а максималните ќе се искачат до 40 степени.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од југоисточен правец.