Израел

САД: Хамас да се врати на преговарачката маса

13.08.2024 08:33

Од Белата куќа соопштија дека одмаздничкиот напад на Иран врз Израел може да се случи неделава истакнувајќи ја потребата од финиширање на договорот за примирје...

САД притискаат Хамас да се врати на преговарачката маса в четврток за да се продолжат разговорите за прекин на огнот во Газа откако групата најави бојкот. Од Белата куќа соопштија дека одмаздничкиот напад на Иран врз Израел може да се случи неделава истакнувајќи ја потребата од финиширање на договорот за примирје.

„Ја следиме ситуацијата внимателно. Тешко е да се зборува за тајмингот, но нашата проценка се совпаѓа со проценката на Израел дека нешто може да се случи оваа недела од Иран. Подобро е преговарачите да се вратат на маса и да го доведат овој договор до крај. Велат дека се грижат за луѓето во Газа, ова е начин да го докажат тоа. Појавете се, потпишете и да го завршиме ова“, изјави Џон Кирби, портпарол на Белата куќа.

Во Израел и натаму нема промени во упатствата за итни случаи за цивилите, иако извештаите тврдат дека иранскиот напад е неизбежен. Израелската армија во состојба на готовс.

„Во врвна подготвеност сме за напад и одбрана и ќе постапиме според инструкциите на политичкиот ешалон. Во оваа фаза нема промена во одбранбената политика на командата на домашниот фронт. Имаме широки планови за напад и сме силно подготвени за извршување“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.

Во меѓувреме, продолжи израелската офанзива против Хамас и Хезболах во Газа и Либан.