Во Грција пожарите вон контрола, земјите испраќаат помош
Гори на повеќе фронтови. Зафатени над сто илјади хектари. Огнената стихија во северните предградија на Атина немилосрдно уништуваат се пред себе...

Франција, Чешка и Италија праќаат помош за гаснењето на пожарите во Грција кои се вон контрола. Гори на повеќе фронтови. Зафатени над сто илјади хектари. Огнената стихија во северните предградија на Атина немилосрдно уништуваат се пред себе. Пеплосани домови и возила. Населението се евакуира додека силните ветрови ја отежнуваат состојбата на терен.
„Ветерот e многу силен. Не можете ништо да направите. Дува од една па од друга насока. Чад насекаде, се гушите. Куќата ни е на 50 метри, не можеме да ја видиме“, изјави Спирос Горилас, локален жител.
Стотици пожарникари и десетици авиони се обидуваат да ги зауздат пожарите. Се приклучуваат и голем број волонтери. Властите соопштија дека 15 лица се повредени, главно поради вдишување чад.
