Промовирана новата класа питомци
Обуката успешно ја завршија новата класа потпоручници, подофицери водници, и слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин...

Во воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје е промовирана 24-та класа на питомци. Обуката успешно ја завршија новата класа потпоручници, подофицери водници, и слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин.
Успешна работа на новите старешини им посака врховниот командант претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија полковник Митко Богдановски. На церемонијата присуствуваа началникот на генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, министерот за спорт Борко Ристовски и дипломати од Црна Гора и Босна и Херцеговина, чии питомци се образуваа на Воената академија.
