Хаотично во Аргентина

11.12.2013 11:18

Продолжуваат протестите во Киев. Рано изутрината десетици илјади луѓе се собраа на плоштадот на независноста, наспроти претходниот обид на полицијата која во протестниот камп се обиде  да ги демонтира  шаторите  и да ги растера демонстрантите. Лидерот на опозицикаста партија ,,Удар,, Виталиј Кличко изјави дека нема да заминат се додека не бидат исполнети нивните барања. Во текот на ноќта се повредени над десет полицајци при обид да ги деблокираат централните улици на Киев.

,,Ова е наша земја и имаме право на мирни протести. Властите прават се што е можно и  не дозволуваат да го направиме подобар животот во земјава ,, вели лидерот на партијата ,,Свобода,, Олех Тиахнибок

Американскиот државен секретар Џон Кери изрази "згрозување" од полициската акција. Шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон која се наоѓа во Киев за да бара решение за кризата, рече дека властите не треба да  дејствуваат под превезот на ноќта и со употреба на сила да се ангажираат во општеството. Јанукович најави подготвеност повторно да преговара за условите за договорот со ЕУ.

Хаос и на улиците  во Аргентина. Еднонеделниот штрајк на полицијата која бара повисока плата доведе до најмалку 7 жртви и стотина повредени поради многубројните кражби и хаосот кој трае и денеска, кога Аргентина одбележува 30 години демократија во земјата. Во одделни градови јавниот превоз не функционира, а болниците примаат само итни случаеви. Политичарите повикуваат на смирување на ситуацијата.

Америка ќе избегне нова буџетска криза. Постигнат договорот меѓу демократите и републиканците во американскиот Конгрес.

Според републиканецот Пол Рајан ,,Овој договор не прави сигурни дека владата нема да доживееме буџетска криза во јануари. Така нема да се повтори сценариото од октомври.,,

„Долго време во Вашингтон зборот компромис беше сметан за срамен збор, особено кога се работи за буџетот. Денеска успеавме да ги надминеме партиските интереси “изјави Пети Мари, демократскиот сенатор за Вашингтон

Годишната пресметка  предвидува да се намали таканаречениот секвестер – програмата за кратење на повеќе ставки, како што се расходите на армијата и социјалните програми. Буџетот ќе биде поголем за 68 милијарди долари во следните две години. За да се надомести зголемувањето на трошоците, државните службеници ќе мора да плаќаат поголеми придонеси во пензиските фондови.