пожари
ЦУК: Активни се 10-тина пожари
13.08.2024 10:07
Најголем проблем на пожарникарите им создаде пожарот во пехчевско. Изгоре противпожарно возило, а пожарникари се здобиле со изгореници...

Според последните информации од ЦУК активни се 10-тина пожари. Најголем проблем на пожарникарите им создаде пожарот во пехчевско. Изгоре противпожарно возило, а пожарникари се здобиле со изгореници. Со часови се гаснеше и од земја и од воздух.
Центарот за управување со кризи одржа кризен штаб. Со денови се гасне и пожарот во близина на Јасен – Македонски Брод.
