Регион

Еден загинат во пожарите што беснеат во Грција, голем број земји испраќаат помош

13.08.2024 11:38

Гори на повеќе фронтови. Зафатени над сто илјади хектари. Огнената стихија во северните предградија на Атина немилосрдно уништуваше се пред себе...

Едно лице загина, најмалку 15 се повредени во пожарите што беснеат во Грција. Голем број земји испраќаат помош. Гори на повеќе фронтови. Зафатени над сто илјади хектари. Огнената стихија во северните предградија на Атина немилосрдно уништуваше се пред себе. Пеплосани се голем број домови и возила. Силните ветрови ја отежнуваат состојбата на терен. Стотици пожарникари и десетици авиони се обидуваат да ги зауздат пожарите. Се поголем број волонтери се приклучуваат да помогнат.

„Ветерот e многу силен. Не можете ништо да направите. Дува од една па од друга насока. Чад насекаде, се гушите. Куќата ни е на 50 метри, не можеме да ја видиме“, изјави Спирос Горилас, локален жител.

„Се обидуваме да намокриме кое било дрво или запалив материјал за да го запреме огнот, но тоа само Господ го може. За среќа ветерот престана и се спасивме, инаку ќе изгоревме. Од оваа споредна улица и во таа насока, се е изгорено“, изјави Василис Целепис, локален жител.