Прилеп
Огревно дрво има, пожарите ќе влијаат на цените и дрвокрадството
13.08.2024 13:45
Пожарите земаат данок од шумското богатство. Граѓаните совреме се снабдиле со огревно дрво, но оние што допрва ќе купат, стравуваат од повисоки цени…

Граѓаните да не стравуваат – сите договорени количества огревно дрво, околу 5.000 метри кубни, навреме ќе бидат испорачани за грејната сезона, уверуваат од прилепската подружница на „Национални шуми“. Пожарите во тоа нема да направат проблем, но ќе влијаат на цените, и, за жал, на дрвокрадството.
Граѓаните совреме се снабдиле со огревно дрво, но оние што допрва ќе купат, стравуваат од повисоки цени.
Од стовариштата смируваат-нема да има голем ценовен шок.
Од Национални шуми не очекуваат проблеми и со договарањата за наредната грејна сезона.
Елизабета Митреска
