Доставен предлогот за заменици министри до Собранието

08.07.2014 13:34

Нови имиња ќе има во 6 ресори...

Премиерот Никола Груевски до Собранието го достави предлогот на замениците министри. Нови имиња ќе има во 6 ресори. Зоран Петров заминува од надворешни работи, на негово место доаѓа Драгана Кипријановска, досегашниот министер за образование Спиро Ристовски ќе му биде заменик на Абдулаќим Адеми, во одбрана нов заменик министер е екс пратеникот на ДУИ, Арбен Лабуништа.

Во локална самоуправа доаѓа Љупчо Пренџов од партијата на Стевчо Јакимовски, ГРОМ, во министерството за земјоделство ќе седне Ванчо Костадиновски.

Во останатите ресори остануваат старите решенија. Според најавите, седницата на која ќе се избираат замениците да се оддржи во четврток.