Собрание

Изгласани измените за просторно планирање

13.08.2024 17:59

Законските корекции за урбанистичко планирање, добија зелено светло во Собранието да се носат по скратена постапка. Единствен говорник на пленарната седница беше министерот за транспорт и врски, Николовски...

Законските корекции за урбанистичко планирање, добија зелено светло во Собранието да се носат по скратена постапка.

Експресно беа изгласани, а единствен говорник на пленарната седница беше министерот за транспорт и врски, Александар Николовски. Според него, ќе се поедностават процедурите за градење на објекти од јавен интерес и ќе се одглават 600 детални урбанистички планови.

Законот помина и на комисиска расправа. Пратениците од опозицијата не говореа.