Влада

Владата го укина зголемувањето на нотарските тарифи

13.08.2024 18:07

Владата на денешната редовна седница ја разгледа и ја усвои Одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа.

Се укинува зголемувањето на нотарските тарифи, соопшти денеска владината прес-служба.

Владата на денешната редовна седница ја разгледа и ја усвои Одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа.

-Според информацијата, претходната Одлука на Владата од 6-ти јуни, со која се покачија нотарските тарифи беше оценето дека е избрзана и предизвика товар врз граѓаните, се наведува во соопштението.