Штетата од поплавите во Србија надминува 800 милиони евра
Во извештајот на Владата на Србија, до кој дојде Танјуг, во кој се содржани проценки за штетите од големите поплави за кои го зафатија нашиот северен сосед, се наведува дека директната штета за Србија од поплавите изнесува 810,1 милиони евра, додека пак губитоците се проценуваат на 661,9 милиони евра.

Извештајот, кој ќе биде претставен на донаторската конференција во Брисел на 16 јули, покажува дека вкупната штета и губитоците од оваа природна катастрофа достигнуваат вредност од 1,53 милијарди евра. Најголем дел износот, дносно околу две третини од отпаѓаат на производствените сектори, каде се проценува дека штета и губитоци изнесуваат 1,07 милијарди евра.
Природната катастрофа не го одмина и земјоделството, каде се проценува дека штета и губитоци се од 107,9 милиони евра, односно 120,1 милион евра, а потоа следуваат трговијата со штета од 169,6 милиони и губитоци од 55, 2 милиони евра. Големи штети се предизвикани и во социјалниот и инфраструктурниот сектор.