Мицкоски: Владата ги плаќа долговите за автобусите на Арсовска
Премиерот Мицкоски посочи дека Министерката за финансии го известила дека нема одговор од надлежните од Град Скопје за тоа дали може да ја сервисира обврската, па морала да преземе обврска и да го плати долгот.
„Да се случи тоа, Градот Скопје не успеа да ја врати навремено ратата којашто беше дел од обврските за набавка на автобусите во минатото, таа е во висина нешто од над 50 милиони денари основен долг. Основниот долг е некаде околу 42, 43 милиони денари, другото е камата“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија денеска одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски посочи дека Министерката за финансии го известила дека нема одговор од надлежните од Град Скопје за тоа дали може да ја сервисира обврската, па морала да преземе обврска и да го плати долгот.
„Секојдневно до нас граѓаните реагираат, јас ова прашање ќе го отворам на следната седница и мислам дека и ги повикувам надлежните во Комунална хигиена во градот Скопје да работата а тоа за коешто се платени за коешто ги плаќаат граѓаните, бидејќи ова што денеска се случува во Скопје личи на се, само не на главен град на држава којашто е дел од НАТО Алијансата и држава кандидат за членство во ЕУ. Мора да си го поставивме прашањето коешто е суштински важно, не што зборуваме, туку што правиме во име на тие вредности“, изјави Мицкоски.
Премиерот Мицкоски потенцираше дека доколку нема прогрес односно промена на лошата состојба во Скопје, на следната владина седница ќе го отвори оваа прашање.
„Ако видиме дека во оваа недела дена нема прогрес поврзано со ова прашање, на следната владина седница планирам отворено да зборувам и да одиме чекор понатаму во она што е обврска на народна Влада, а тоа е да дејствува во името на повиците коишто ги добиваме на дневна основа од скопјани“, потенцираше Мицковски.