Грабеж

Ограбени милион денари од поштата во Буковиќ

08.07.2014 14:58

Двајца маскирани влегле во филијалата на Македонски пошти и со закана од вработените ги одзеле парите...

Поштата во село Буковиќ изутрината беше цел на вооружени маскирани разбојници. Беа ограбени еден милион денари.

Според полицијата, двајца маскирани влегле во филијалата на Македонски пошти. Едниот бил вооружен со пиштол, а другиот со автоматска пушка. Нема повредени. Со закана до вработените ги одзеле парите.

„Откако е добиена пријавата во полиција увидна екипа се упати на лице место. Извршен е разговор со вработените и се превземаат сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот на лицата односно стодителите нивно пронаоѓање и лишување од слобда“, изјави помошникот министер за односи со јавноста, Иво Котевски.

Откако парите биле одземени двајцата вооружени разбојници заминале во непознат правец.

Ана Јосифоска-Тодоровска