Москва наспроти Киев за напредокот во Курск
Во истовреме од украинското министерство потврдија дека не се заинтересирани да ја преземат територијата на регионот Курск, туку да ја заштитат земјата од руски удари со долг дострел...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините воени единици ги спречиле украинските трупи да продрат подлабоко во близина на Курските области, наспроти тврдењата на Киев дека под контрола држат 74 населени места. Во истовреме од украинското министерство потврдија дека не се заинтересирани да ја преземат територијата на регионот Курск, туку да ја заштитат земјата од руски удари со долг дострел. Зеленски вели-Украина мора целосно да ги искористи воените успеси по упадот на руската граница.
„Обрнуваме внимание на секоја насока на одбраната на нашата држава, на сите области на фронтот: регионот Доњецк, Харков, Југот. Посебно внимание се посветува на регионот Курск, а со тоа и на заштитата на сите нашите погранични заедници во близина. Уште еднаш докажавме дека сме способни да ги постигнеме нашите цели во секоја ситуација“, Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Украина го започна својот упад во Русија пред повеќе од една недела. Тоа е најголемиот таков напад откако Москва ја започна инвазијата во 2022-та година.
