Блиски Исток

Се прават напори за мировни преговори во Блискиот Исток

14.08.2024 08:41

Советот за безбедност на ОН на средба за алармантните случувања во регионот. Истакната очајната потреба да се постигне прекин на огнот...

Ракети на Хезболах го преплавија северен Израел. Сирени огласени и на југот. Тел Авив тврди нема повредени. Во Газа нови напади и цивилни жртви. Советот за безбедност на ОН на средба за алармантните случувања во регионот. Истакната очајната потреба да се постигне прекин на огнот.

И додека Блискиот Исток се подготвува за најавената одмазда на Техеран, Иран спроведува воена вежба на северот на земјата. Тел Авив тврди дека е подготвен за напад. Во истовреме, се интензивираат напорите за договор за прекин на огнот. Од САД велат-Катар ќе се обиде да го убеди Хамас да учествува во утрешните мировните преговори.

„Ги видовме извештаите за она што Хамас го кажаа во врска со нивното учество. Нашите партнери во Катар не уверија дека ќе работат на тоа Хамас да биде претставен. Никој нема корист од каков било вид одмазда. Натамошните напади само го продолжуваат конфликтот, нестабилноста и несигурноста за секого и затоа она на што сме фокусирани е интензивно, деескалација преку дипломатија“, изјави Ведант Пател, главен заменик портпарол на Стејт департментот.