Кишида нема да се кандидира за уште еден мандат
Јапонскиот премиер Фумио Кишида, со изненадувачки потег објави дека нема да се кандидира на претстојното гласање за лидерство на партијата во септември...

Јапонскиот премиер Фумио Кишида, со изненадувачки потег објави дека нема да се кандидира на претстојното гласање за лидерство на партијата во септември, отворајќи го патот за Јапонија да има нов премиер.
„Првиот и најочигледен чекор за да покажам дека ЛДП е подготвена за промени е јас да се повлечам“, изјави Фумио Кишида премиер на Јапонија.
Кишида беше избран за претседател на неговата владејачка Либерално-демократска партија во 2021 година, а неговиот тригодишен мандат истекува во септември. Неговото откажување од трката значи дека нов лидер кој ќе победи на партиските гласови ќе го наследи како премиер бидејќи ЛДП ги контролира двата дома на парламентот.
