Оглас за субвенции за амбалажа за ориз
Извозниците на домашниот ориз можат да добијат субвенции од Платежната агенција за амбалажата што ја користат при пакувањето. Финансиската поддршка е за пластични и хартиени кеси. Барателите треба да се правни лица кои се регистрирани за вршење на откуп на ориз. Крајниот рок за поднесување на апликациите завршува утре на 15-ти август …

Агенцијата за финансиска поддршка објави јавен повик за доставување на барања за исплата на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за мерката – помош за маркетинг на земјоделските производи и нивни преработки.
Се работи за поддршка на трошоци за амбалажа на преработени земјоделски производи, односно за извезен ориз со потекло од Република Северна Македонија.
Висината на поддршката изнесува 2,5 денари по пакување во пластична амбалажа до 500 грама, 5 денари по пакување во амбалажа до 1 килограм и 10 денари по пакување во хартиена амбалажа до 1 килограм или пластична од 3 до 5 килограми.
Корисници на оваа финансиска поддршка можат да бидат правни лица регистрирани за вршење на откуп на ориз.
Краен рок за доставување на барањата е до 15-ти август, а субвенциите се за извоз направен во периодот од 1-ви јануари до 30-ти јуни 2024 година.
Методија Трајков
