Бурата „Ернесто“ се приближува кон Порторико
Властите ги затворија училиштата и отворија засолништа, предупредувајќи ги луѓето од можни поплави откако сите акумулации во градот се преполнија со вода...

Тропската бура „Ернесто“ го зафати североисточниот дел на Карибите носејќи го првиот бран обилни врнежи дожд и силен ветер во Порторико. Се очекува на својата патека на движење кон Бермудите да се засили и да прерасне во ураган. Властите ги затворија училиштата и отворија засолништа, предупредувајќи ги луѓето од можни поплави откако сите акумулации во градот се преполнија со вода.
„Бурата „Ернесто“ се приближува кон Порторико, веќе чувствуваме дел од неговото влијание преку дождот што ја погодува областа. Очекуваме силината на ветерот да достигне до 100 км/ч, но може да биде уште посилен. Услови во океаните ќе бидат прилично лоши, затоа држете се настрана од него“, изјави Педро Пјерлуизи, гувернер на Порторико.
