Скопје

Координација на скопските градоначалници, во фокусот актуелните состојби во главниот град

14.08.2024 10:22

Во фокусот ќе бидат актуелните состојби во главниот град. Претходно, премиерот Мицкоски изјави дека не се исклучува можноста на градот Скопје да му бидат одземени дел од ингеренциите, поради, како што рече алармантни повици што пристигнувале до владата во врска со институциите под ингеренции на град Скопје...

Координација на скопските градоначалници. Во фокусот ќе бидат актуелните состојби во главниот град. Претходно, премиерот Мицкоски изјави дека не се исклучува можноста на градот Скопје да му бидат одземени дел од ингеренциите, поради, како што рече алармантни повици што пристигнувале до владата во врска со институциите под ингеренции на град Скопје.

Мицкоски повика сите да си ја вршат работата за што се платени, оти, инаку, ќе се разгледаат можностите за одземање на тие ингеренции. Додаде – тоа што денес се случува во Скопје, не личи на земја што е во НАТО и што е кандидат за членка на Европската унија.