Бандити украле од „Самсунг“ стока вредна 6,3 милиони долари
08.07.2014 15:02
Кратците успеале да натоварат седум камиони со над 40.000 уреди на „Самсунг“...

Банда упаднала во фабрика на електронскиот гигант „Самсунг“ во Бразил и украла мобилни телефони и компјутери во вредност од околу 6,3 милиони долари.
Вооружени напаѓачи земале за заложници 50 вработени од фабриката Кампинас, во близина на Сао Паоло.
Според безбедносните сили крадците успеале да натоварат седум камиони со над 40.000 уреди на „Самсунг“.
Соња Стојановска
