Хуманитарен маратон на Томи Стефаноски „Пливање за инклузија“
Познатиот македонски пливач Томи Стефановски во Охридското езеро денеска организира хуманитарен настан „Пливање за инклузија“. Тој пред препливувањето на патеката Десарет-Охрид ги повика сите хумани луѓе да донираат за подобрувањето на условите за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот...
Македонскиот пливач Томи Стефаноски по повод 15 годишнината од препливувањето на каналот Ла Манш, денеска пливаше хуманитарен маратон на трасата од месноста Десарет кај Пештани до црквата „Свети Јован Канео“, и назад до охридското пристаниште. Стефаноски ги повика сите хумани луѓе да донираат за подигнување на свеста и за креирање подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование. Хуманитарниот настан Стефаноски го организира со невладината организација ИТК од Скопје и Охридскиот пливачки маратон.
Да потсетиме дека Томи Стефановски го преплива Ла Манш на 14-ти август 2009 година по повод 50 годишниот јубилеј од првото препливување на македонскиот пливач Нико Нестор и 40 годишнината од подвигот на Атина Бојаџи која исто така го преплива каналот Ла Манш.
Сашо Нелоски