Советничките места за економија и ЕУ најпривлечни за кандидатите
На огласот на Владата за советнички места досега на огласот се пријавиле 200 кандидати...

Расте интересот за советничките места во владиниот кабинет. Досега на огласот се пријавиле 200 кандидати. Најбараните се позициите советник за економски прашања, Европска унија, политички прашања, надворешни работи и култура.
Владата бара советници за 13 области. Место ќе има само за најквалитетните. Тие ќе треба со своето знаење и искуство да придонесат за остварување на реформите и проектите.
„Ова се многу значајни и одговорни позиции и затоа ние апелираме за пројавување на интерес и аплицирање од страна на најуспешните, најспособните и најквалитетните кадри, лица кои имаат повеќегодишно работно искуство и соодветно образование, кои имаат задолжително познавање на англискиот јазик, кои што имаат резултати во својата работа“, вели портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Избраните кандидати ќе бидат именувани за советници од Претседателот на владата со полно работно време, но не се исклучува и можноста да бидат ангажирани како надворешни соработници. Огласот е објавен на владината интернет страница и трае до понеделник.
По стеснување на изборот, кандидатите ќе бидат интервјуирани. Ова е втор владин оглас. На првиот, минатата година имало илјадници апликации, и биле пополнети поголем дел понудените oд места.
Викторија Тодоровска
