партии
СДСМ: Одговорноста за Скопје е кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ
14.08.2024 14:04
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствени одговорни за состојбата во која се наоѓа Скопје, велат од партијата...
За состојбите во Град Скопје реакција на опозициската СДСМ. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствени одговорни за состојбата во која се наоѓа Скопје. Со каков образ Мицкоски се обидува да се прикаже како спасител кој ете ќе ги решел проблемите во градот кога тој заради неговите пропадната бизнис зделки со Арсовска и инатот кој меѓусебно го водат реши да го уништи градот, велат од СДСМ.
Да не беше Мицкоски и неговите манипулации и лаги со граѓаните, како и неговата политика на блокади, Скопје немаше да го води „најуспешната менаџерка“ за која лажеше дека е број еден во Европа – пишува во соопштението на СДСМ.