Средба Исени-Пани
На средбата заменик министерот Исени, ја истакна одличната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Италијанската Република која е со постојан континуитет и се одвива во духот на традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји...
Денеска, заменик на министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени оствари работна средба со г. Масимо Пани, офицер за врски и експерт за безбедност при амбасадата на Италијанската Република во Скопје. На средбата заменик министерот Исени, ја истакна одличната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Италијанската Република која е со постојан континуитет и се одвива во духот на традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји.
Во рамки на билатералната соработка, заменик министерот Исени потсети на веќе потпишаните билатерални акти со Италијанската Република и го информираше г. Пани дека во тек е постапка за потпишување на два билатерални акти со посебен акцент на Договор за взаемно признавање на возачките дозволи и дека тоа е од голем интерес на македонските државјани кои престојуваат и живеат во Италијанска Република.
Воедно, заменик министерот се заблагодари за нивната вклученост во тековниот проект во рамки на националната ИПА програма и регионалниот проект кој издвојува парични средства за претстојната Симулациска вежба која ќе се одржи во месец октомври оваа година во Охрид. На средбата беше заклучено дека заедничката соработка, со посредство на амбасадата на Италијанската Република во Скопје, е на исклучително високо ниво, со тенденција за развивање на истата и во иднина.