Политика

СДСМ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ функционира

14.08.2024 15:15

Во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ реализираше еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ со формирање на тело за следење на правична застапеност на заедниците.

Социјалдемократите за следење на правичната застапеност реагираат, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ функционира, повторно се заедно.

Во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ реализираше еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ со формирање на тело за следење на правична застапеност на заедниците. Сега имаме надграден и проширен балансер за чија примена ќе биде надлежно Собранието. Претпладне Мицкоски вели дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата, а попладне во Собрание неговите пратеници гласаат заеднички одлуки со ДУИ, велат во Социјал -демократскиот сојуз на Македонија.