Храна за бели заби

08.07.2014 15:15

Секако дека професионалното белеење, може да ги направи вашите заби побели, сепак подобар и поевтин е изборот на храна како заштита на вашето орално здравје.

Млечните производи се познати по калциумот, минерал кој е од суштинско значење за здрави заби. Ја зајакнува забната глеѓ и коската. Покрај тоа млечните производи содржат казеин, една врста на протеин кој заедно со калциумот играат важна улога за чување на оралното здравје.

Водата делува како плунката, ги отстранува шеќерот и киселината од забите. Содржи флуор кој ги штити забите од ерозија, се наоѓа во пастите и течностите за плакнење на устата. Водата е природен извор на овој минерал, а најмногу го има во водата од чешма.

Мастиките ја стимулираат плунката која ги чисти забите и која на природен начин ги отстранува бактериите во устата. Мастиките се богати со калциум и фосфат, а покрај тоа повеќето од нив се засладени со ксилитол, кој го намалува бројот на микроорганизми.

Јагодите содржат  киселини кои се природни избелувачи на забите. Се што треба да направите е да ги испасирате и да ги измешате со сода бикарбона. Нанесете на забите со мека четка. Пет минути покасно исплакнете ја устата и резултатот ќе биде насмевка со бели заби. Внимавајте ситните семки од јагодите да не останат помеѓу забите.

Храна која штети на забите: Туршија, тврди бомбони, газирани пијалоци, црно вино.