Влада

Владините мерки и препораки за заштита од високите температури ќе важат и утре

14.08.2024 17:29

Ослободување од работни обврски за најранливите групи на населението, бремените жени и лица на возраст над 60 години за ден 15.08.2024 година (четврток). Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено...

Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток Владата ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за четврток, соопшти владината прес-служба.

Ослободување од работни обврски за најранливите групи на населението, бремените жени и лица на возраст над 60 години за ден 15.08.2024 година (четврток). Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, стои во соопштението на Владата.