Скопје

Општините бараат одземање на ингеренциите на Арсовска

14.08.2024 17:57

Скопските градоначалници бараат Владата да му ги одземе ингеренциите на Град Скопје за јавните претпријатија задолжени за хигиена. Арсовска го обвинува Мицкоски за комуналниот хаос…

„На градот му е потребна итна генералка“ – порача претседателот на ЗЕЛС, Ѓоргиевски, по координативна средба со скопските градоначалници кои беа едногласни дека итно треба да им се одземат ингеренциите на Јавното комунално претпријатие и на ЈП „Паркови и зеленило“. Велат дека на местото на градоначалничката Арсовска, би си поднесе оставка.

На над 40 степени претекува отпад од контејнерите и кантите, тревата не е искосена, а патеките не се уредени во парковите за што граѓаните плаќаат. Обвинија и за доцнењето на јавниот превоз и небезбедните автобуси. Се размислува за Закон за комунална полиција, најави Ѓоргиевски.

Мицковски ако толку се грижи за градот и за скопјани, на следниот Совет наредбата наместо да се блокира, да биде да гласаат за спроведување на проектите, се вели во соопштението на страната на Град Скопје во врска со нехигиената во градот.

„Мицковски можеше и сè уште може, ако сака, да им овозможи на скопјани нови автобуси, нови контејнери, нови машини за собирање смет, повеќе комунални работници, нови зелени површини. Се што треба да направи за да го одблокира градот е да испрати СМС-порака на неговите експоненти во градот, од денес да работат во корист на граѓаните, а не на партијата“, велат од Град Скопје.

Владата и единиците на локалната самоуправа потпишаа меморандум за поголема децентрализација и пренос на надлежностите на државните органи на општините, за поголема одговорност и независност.

 

Александра Велинова