Франција

Во Франција се урнаа два борбени авиони „Рафал“

14.08.2024 19:55

Еден пилот и најмалку еден патник се исчезнати откако два борбени авиони на воздухопловните сили се урнаа денеска во Лорен, источна Франција, додека пилотот на другиот авион го преживеа инцидентот, соопштија француските власти.

„Еден од пилотите е пронајден. Истрагата сè уште е во тек“, изјави францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну во објава на мрежата „Икс“.

Француските медиуми објавија дека спасувачите трагаат по исчезнат студент по летање кој се наоѓал во еден од авионите, како и уште еден исчезнат пилот, пренесува Ројтерс.