Македонија

Мицкоски на средба со менаџментот на ЛИДЛ

14.08.2024 20:42

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата одржал средба со менаџментот на ЛИДЛ, на која бил информиран за потешкотиите и административни пречки со кои се соочувал германскиот ланец маркети од претходната Влада...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата одржал средба со менаџментот на ЛИДЛ, на која бил информиран за потешкотиите и административни пречки со кои се соочувал германскиот ланец маркети од претходната Влада.

„Денес имав средба со дел од менаџментот на ЛИДЛ кој подолго време преземаат активности за почеток на инвестицијата во државата. Разменивме информации за бројните потешкотии и административни бариери со кои се соочувале од претходната Влада. Инвеститорите кои сакаат да вложат во економскиот прогрес и ќе вработат македонски граѓани не смеат да бидат ставени на страна. На брза трака ќе го откочиме процесот и за брзо ќе ги имаме ланците на маркети ЛИДЛ“, стои во објавата на фејсбук профилот на премиерот Мицкоски.

ЛИДЛ е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна, кој во земјава е присутен од септември 2021-ва година.

 

 

 

Фото: Мицкоски / Фејсбук профил