СЗО

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради мајмунските сипаници

14.08.2024 21:33

СЗО го свика својот комитет за итни случаи, поради загриженоста дека посмртоносниот вид на вирусот, клад Иб, стигна до четири претходно незасегнати провинции во Африка. Овој вид претходно бил задржан во Демократска Република Конго.

Светската здравствена организација денеска ја прогласи тековната епидемија на мајмунска сипаница во Африка за глобална здравствена вонредна состојба.

СЗО го свика својот комитет за итни случаи, поради загриженоста дека посмртоносниот вид на вирусот, клад Иб, стигна до четири претходно незасегнати провинции во Африка. Овој вид претходно бил задржан во Демократска Република Конго.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, на почетокот на состанокот изјави дека оваа година во Африка се регистрирани над 14.000 случаи на новиот сој, при што досега починале најмалку 500 лица. Епицентарот е во Демократската Република Конго, но во последните недели се регистрирани 90 случаи и во соседните држави, што создава ризик од понатамошно ширење на епидемијата.

Овој вирус може да се шири преку близок контакт со луѓе и најчесто се манифестира со благи симптоми, но во ретки случаи инфекцијата може да биде фатална со симптоми слични на грип и гнојни лезии на телото. Болеста може да биде опасна за деца, бремени жени и лица со ослабен имунитет