огнена стихија

Огнената стихија не запира, сè уште активни неколку пожари во земјава

15.08.2024 08:14

Сè уште се активни пожарите и на планината Јасен кај село Белица. Гори борова шума, во општина Кочани, Кичево, активен е пожарот над село Врбен кај Маврово-Ростуше...

Огнената стихија не запира. Во земјава сè уште активни десетина пожари. Веќе десетина дека гори на планината Галичица. Зафатени се високопланински предели поради што гаснењето на пожарот е отежнат. Дополнителен проблем и неповолните временски услови и големиот број детонации од заостанати гранати не дозволуваат да се локализира огнот кој полека навлегува во буковите шуми на источната, западната и северната страна во високата зона на планината.

Во гаснењето се вклучени и волонтери на планинската спасувачка служба, од Црвениот крст и алпинистичкиот клуб од Охрид, ренџерската служба на Националниот парк „Галичица“, како и тимови од противпожарните служби на Ресен, Охрид и локалното население. Во гаснењето на пожарот се вклучени и хеликоптери.

Сè уште се активни пожарите и на планината Јасен кај село Белица. Гори борова шума, во општина Кочани, Кичево, активен е пожарот над село Врбен кај Маврово-Ростуше.